Ирската влада призна дека не добила поддршка од граѓаните за две референдумски прашања со кои се обидела да го промени она што го нарече „сексистички“ јазик во уставот, пренесува Н1.
Референдумот беше симболично организиран на 8 март, а целта беше да се сменат две одредби во Уставот. Во едниот се наведува дека семејството се заснова исклучиво на бракот, а другиот наведува дека жената ја поддржува државата „со својот живот и работа во домот“.
Премиерот Лео Варадкар соопшти дека Ирците мнозински гласало за отфрлање на предлозите за промена на уставните одредби.
Варадкар пред референдумот рече дека тоа е шанса да се смени „многу старомоден и многу сексистички јазик за жените“.
Доколку референдумот беше успешен, во уставот би пишувало дека семејството се заснова „на брак или други трајни врски“.
Ирскиот устав беше усвоен во 1937 година под силно влијание на католичките учења. Во изминатите децении, католичкото влијание полека опаѓа бидејќи Црквата сè повеќе ја тресат серија скандали за злоупотреба на деца во кои било вклучено свештенството.
Ирска во последните години одржа референдуми за голем број социјални прашања и во 2015 година гласачите со големо мнозинство ја поддржаа легализацијата на истополовите бракови, три години подоцна гласаа за ставање крај на забраната за абортус, а во 2019 година законот за развод беше значително либерализиран.