Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
„Зелен Хуман Град“, „Поинаку“, „Подобро за Тетово“, „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош“, „Зелените од Гази Баба“, „Стига е!“, се само неколку од бројните независни листи кои се појавија неколку месеци пред локалните избори. Нивната цел е да проникнат во градските совети, мотивирани од идејата да направат некаква промена во нивните средини. Повеќето од иницијативите чиј примат е подобрувањето на животната средина успеаја да ја освојат првата битка, односно собраа гласови за да може воопшто да настапат на изборите, и покрај намерата на властите да направат измени на Изборниот законик, со што практично ќе се отежнеше процесот.
И покрај амбициите на повеќето независни листи да фигурираат во советите на локалните општини, скопската иницијатива „Зелен Хуман Град“ (ЗХГ) која своите кандидати, меѓудругото ги одбра и преку концептот „МојКандидат“, претендира да учествува во донесувањето одлуки на ниво на Град Скопје.
Предводена од активистите Горјан Јовановски и актуелната советничка Драгана Велковска, независната советничка листа, смета дека на градот му требаат отворени, функционални и дигитализирани органи на управување и градска администрација кои ќе носат и спроведуваат визионерски политики за одржлив развој проектиран најмалку за следните 50 до 100 години.
Според нив, активизмот е политички акт и е сосема природна ваквата еволуцијата на нивното делување, кога, како што велат, во институциите има носители на одлуки кои во континуитет низ годините ја изневерувале довербата на скопјани и со тоа нанеле несогледливи штети на македонското општество.
„Но, ние не ги напуштаме улиците, напротив. На овој начин обезбедуваме синергија помеѓу делувањето во институција и на терен, односно само го интензивираме притисокот, да не доаѓа само од надвор, туку и од внатре. Мора да обезбедиме директен канал за комуникација и спроведување на потребите на граѓаните, кој со децении изостанува во Скопје. Во спротивно го одржуваме во живот хаосот на терен на секое поле“, велат од ЗХГ.
Во меѓувреме, тие порачуваат дека се оптимисти, но, додаваат дека колку оптимизмот ќе стане реалност, не зависи само од нив, туку и од граѓаните.
„Веќе ја матиме водата на старите политички партии, затоа и беа најавуваните недемократски измени на Изборниот законик непосредно пред распишувањето на изборите, затоа и веќе почна агресивна валкана кампања насочена единствено кон ЗХГ. Сепак, очекуваме дека луѓето повеќе нема да дозволат да бидат манипулирани и туркани во апатија. Секој што ја изневерил довербата на граѓаните мора да биде отстранет од позиција со моќ за одлучување“, децидни се од иницијативата.
Причината за раѓањето на бројните независни листи е повеќедецениското изневерување на довербата на гласачот, посочуваат од ЗХГ. Истовремено тие изразија и поддршка на активистите од струмичко кои се борат против отворање рудници во тој регион кои вчера исто така најавија формирање независни советнички листи.
„Огромен дел од нас, па ќе си дозволам да кажам и – сите, сме се обиделе на секој друг начин да влијаеме врз носителите на функции. Во континуитет со дописи, мислења, ставови, но и претставки, пријави итн. И секако, во предизборие – кога ќе побарале наш придонес за оформување на нивните ставови по одредени прашања и за предизборните програми. Но, сето тоа паѓало во вода по нивното стапување на функција и доста ни е од тоа. Не сакаме повеќе да ги препуштаме нашите животи во раце на луѓе кои не ги вреднуваат и не ги почитуваат. Ни требаат носители на јавни функции кои ќе работат во корист на сите, а луѓето од ЗХГ го докажале тоа со својот волонтерски придонес во годините наназад“, велат тие.
Она што кај оваа иницијатива се издвојува од повеќето независни листи е тоа што излегоа и со кандидат за градоначалник. За функцијата ќе се бори веќе познатото име во јавноста, Ана Петровска. Таа неодамна беше сменета од функцијата Директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), а во минатото беше и државен секретар во Министерството за животна средина.
Петровска посочува дека кандидатурата за градоначалничка не била планирана и извесно време размислувала дали треба да продолжи со ангажман во политиката, по добиената покана од иницијативата. Сепак, одлучила да го прифати предлогот.
„Како архитект, урбанист и екологист, имам познавања што може да бидат корисни при раководењето со администрацијата на Градот. Впрочем урбанизмот и животната средина имаат директно влијание на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните и се најважниот предуслов за Скопје да биде зелен хуман град“, забележува Петровска.
Како директорка на ДИЖС, објаснува дека добила увид во работењето на индустријата, а истовремено смета дека тоа може да придонесе многу во идната борба за здрава и чиста животна средина во Скопје.
Во меѓувреме, според неа Скопје не смее веќе, како што вели, да се развива стихијно, но додава и дека мора да престане и уништувањето на зеленилото и бетонирањето на секој слободен простор.
„Скопје е задушено и мора да му се овозможи да дише. Конечно урбанизмот треба да се грижи за јавниот интерес. Услугите на Градот мора да се подобруваат и дигитализираат, за да се намали можноста за нечие дискреционо одлучување. Граѓаните мора да одлучуваат за развојот на градот, а не олигарсите“, додава таа.
Чистењето на дивите депонии и затворањето на Вардариште се некои од работите за кои Петровска потенцира дека ќе се посвети да работи, но особено акцентира дека ќе се фокусира и на создавањето услови за рециклирање и компостирање.
Меѓудругото, таа се заложи да продолжи да работи на намалување на загадувањето и заштитата на Водно и Матка, како и стимулација на енергетска ефикасност и вградување сончеви панели, заштита на изворот Рашче и проширување на мрежата на велосипедски патеки.
И Тетовчани ќе ја оправаат животната средина
Еколошките проблеми во Тетово се поврзани меѓусебно, сметаат од „Подобро за Тетово“. Тие објаснуваат дека досега не биле сведоци на некоја посериозна намера за прекин на овој ланец во корист на граѓаните, туку, само нивно одолговлекување, до мера што, како што велат, дел од граѓаните неспособноста на властите го плаќаат со нивното сопствено здравје.
Идејата за формирањето на независната советничка листа била мотивирана од секојдневието во градот и гледајќи како жителите на градот, како што велат, преживуваат. Во меѓувреме пак, велат одговорот на прашањето од каде е идејата за ваква листа, е дека луѓето е доволно да направат само една прошетка од Универзитетот на Југоисточна Европа до централното градско подрачје, додавајќи дека сами ќе стигнат до најдобриот одговор.
„Бидејќи во вакви услови не може да се нарече живот, додека секој ден се повеќе се уништува еден од поголемите градови во Северна Македонија од страна на група поединци кои на мафијашки начин, речиси цела деценија ги држат заложнички сите локални институции во Тетово, не натера да преземеме нешто конкретно за да го спречиме понатамошното уништување“, велат тие.
Дошле до заклучок дека ќе биде нечесно ако не го подигнат гласот и не преземат нешто, во моменти кога, како што велат тие, градот е жеден за нешто слично и кога е на праг на целосно уништување во секоја област.
„За сите членови на иницијативата ‘Подобро за Тетово’, борбата нема да започне со обезбедувањето на место во општинскиот совет, туку само ќе го смени обликот, бидејќи ние оваа војна сме ја започнале години наназад преку нашиот веќе препознатлив активизам, и ова сега е веќе јавна и секој заинтересиран граѓанин може слободно да се запознае со биографиите на секој од нас на веб-страницата на иницијативата“, додаваат тие.
Меѓудругото, тие забележуваат неколку жешки еколошки точки во градот, а една од нив се и малите депонии на секој агол, за кои велат дека за очите на тетовчани станале секојдневие и е нешто нормално.
„Околу секој контејнер, без исклучок, се формираат мали депонии поради ненавремено отстранување на сметот од страна на ‘Јавното комунално претпријатие’ на Тетово како и малиот недоволен број на контејнери во споредба со бројот на жители во градот и околината, потсетуваме дека цистерните или опремата за чистење на улиците во Тетово датираат од времето на Тито“, нагласуваат од „Подобро за Тетово“.
Иако тие велат дека на истражување кое било спроведено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ), оваа проблематика била рангирана во топ 3 најголеми проблеми на градот според жителите, општината, како што додаваат, многу малку или воопшто не инвестирала во подобрување на состојбата со животната средина, игнорирајќи ја една од поголемите потреби на жителите.
Тетовчани, според нив, со ниската стапка на излезност на гласање на последните локални избори во градот, дале јасна порака до големите политички партии, односно, како што велат, реформи или продолжување со бојкот.
„Тетовчаните денес Општина Тетово не ја чувствуваат како нивна, нити пак нејзините вработени како луѓе кои се плаќаат од нивните такси и даноци, а ова оддалеченост и одговара на партијата на власт, ние се залагаме за промена на ова ‘традиција’ на водење политика“, децидни се тие.
Пораките кои ги добивале од граѓаните, од денот кога објавиле за одлуката да се натпреваруваат со независна листа за Совет како и од секојдневните разговори кои ги имаат, велат дека покрај тоа што покажуваат дека ваквата иницијатива е многу потребна и добредојдена, исто така ги освестуваат за нивната одговорноста која велат дека ја преземаат со голема волја.
Поискусните веќе станаа бренд
Габриела Илиевска и Иван Чулакоски се имињата на советниците кои моментално веќе се при крај на нивниот мандат во Советот на Општина Битола. Тие доаѓаат од независната група на советници насловена „Поинаку“.
Илиевска за Радио МОФ објаснува дека и е мило што речиси во секој град има вакви иницијативи, за разлика од пред четири години, кога, како што вели, сами го пробивале патот.
„Мило ми е што сега голем број на граѓани се судрија со тежината на независноста и притоа покажаа храброст како ние пред четири години. Промените може да дојдат само ако си внатре во системот. Ние сме доказ за тоа. Иако не бевме фактор на одлучување во изминатите четири години, не запревме со работа. Докажавме дека со притисок од внатре, во системот, се постигнува целта. Покажавме дека граѓаните партискиот систем на работа во општинските совети мора да се смени“, вели Илиевска.
Посебно горди, како што посочува таа, иако тоа било само во еден наврат, е што успеале да го преземат мнозинството на власта околу еден секојдневен проблем на битолчани.
„Советниците нè поддржаа и гласаа поинаку од партиските шеми и вообичаената партиска послушност која се раководи исклучиво од нивниот сопствен интерес. Сепак навистина ни е криво што голем број наши идеи, проекти и решенија завршија одбиени без никакво образложение и разгледување“, објаснува Илиевска.
Сепак, да се биде советник, и тоа независен, како што објаснува е едно од најдобрите чувства, но вели дека тоа е испомешано и со чувството на одговорност и доза неизвесност, поради добиената доверба која треба да се оправда.
„Не е сеедно да се убедат граѓаните ја дадат поддршката и довербата за независен советник. Затоа било кој независен советник треба секојдневно да биде во контакт со јавноста. Независен советник на прашање или негодување од граѓаните не може да каже дека ‘некој во Скопје така одлучил’, туку мора да каже зошто гласал на еден или друг начин, зошто нешто кажал или не“, потенцира таа.
Нивната иницијатива е веќе битолски бренд, смета Илиевска, која додава дека голем број нивни сограѓани во иницијативата ја гледаат промената на начинот на живот во градот.
„Измените на Изборниот законик незапеметен удар врз демократијата“
Најавата за измена на Изборниот законик во очи на новите локални избори ја разбранува јавноста. Со нив беше предвидено и зголемувањето на прагот потребен за собирање потписи со кои листите и кандидатите за градоначалници би требало да соберат повеќе потписи од веќе предвидениот минимум.
Реагираа бројни организации, парламентарни и вонпарламентарни партии, граѓани, а алармот беше вклучен и кај претседателот Стево Пендаровски кој најави дека нема да го потпише законот. Сепак, измените, за среќа на независните листи заглавија во Комисијата за политички системи поради 772-те амандмани поднесени од Левица.
„Зелен Хуман Град“, заедно со останати листи претходно веќе реагираше против измените на Изборниот законик, нарекувајќи ги незапаметен удар врз демократијата. Како што објаснуваат тие за Радио МОФ, промената, која според нив била направена најперфидно и во последен момент била доставена до пратениците, непосредно пред одржувањето на седницата, ќе значело десеткратно зголемување на бројот на потребни потписи за Град Скопје.
„И ќе значеше за прв пат во историјата на Македонија воведување одредба поради која дури и да соберевме 10.000 потписи, листата можеше да ни пропадне само ако еден човек се откаже од неа по нејзиното потврдување од ДИК. Проблем беше и продолжувањето на дискриминирачката монополизација на медиумскиот простор со што големите партии делат 90%, а за сите останати има вкупно да делат 10%. Сите овие предложени измени лажно се претставуваа како некакво усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија, а всушност значеа задушување и истиснување на независниот граѓански глас и узурпација на каналите за масовна комуникација, што е одлика на режимски земји, не на демократии“, велат од ЗХГ.
Тие се пожалија и на процесот за собирање потписи, велејќи дека имале одредени пречки кои се надминале со многу упорност. Една од тие пречки, како што посочија е недостапноста и непристапноста на дел од подрачните одделненија на ДИК, односно, додаваат дека граѓаните можеле да се потпишуваат само на пет места во цело Скопје.
Истовремено, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна продолжена дискриминација од Државната изборна комисија кон лицата со физичка попреченост во подрачното одделение во Карпош.
Првиот круг од локалните избори треба да се одржи на 17 октомври.
Мартин Колоски
-
Të pavarurit do të turbullojnë ujin e lojtarëve të mëdhenj partiak
“Zelen Human Grad”, “Poinaku”, “Më mirë për Tetovën”, “Shansa za Centra”, “Nezavisni za Karposh”, “Zelenite od Gazi Baba”, “Stiga e”, janë vetëm disa nga të listat e pavarura të shumta që u paraqitën pak muaj para zgjedhjeve lokale. Qëllimi i tyre është të depërtojnë në këshillat e qytetit, të motivuar nga ideja për të bërë disa ndryshime në mjediset e tyre. Pjesa më e madhe e iniciativave që kanë prioritet përmirësimin e mjedisit arritën të fitojnë betejën e parë, përkatësisht kanë mbledhur vota që të mund të dalin në zgjedhje, pavarësisht synimit të autoriteteve të bëjnë ndryshime në Kodin Zgjedhor, me çka praktikisht do të vështirësohej procesi.
Përkundër ambicieve të shumicës së listave të pavarura të figurojnë në këshillat e komunave lokale, iniciativa e Shkupit “Zelen Human Grad” (ZHG), e cila zgjodhi kandidatët e saj përmes konceptit “Kandidati im”, aspiron të marrë pjesë në vendimmarrje në nivel të qytetit të Shkupit.
Të udhëhequr nga aktivistët Gorjan Jovanovski dhe këshilltarja në detyrë Dragana Velkovska, lista e pavarur e këshilltarëve beson se qyteti ka nevojë për organe të hapura, funksionale dhe të digjitalizuara qeverisëse dhe administratë të qytetit të cilët do miratojnë dhe zbatojnë politika vizionare të zhvillimit për zhvillim të qëndrueshëm të dizajnuara për të paktën 50 deri në 100 vitet e ardhshme.
Sipas tyre, aktivizmi është akt politik dhe evolucioni i tillë i veprimeve të tyre është krejtësisht i natyrshëm, kur siç thonë ata, ka vendimmarrës në institucione që në vazhdimësi kanë tradhtuar besimin e qytetarëve të Shkupit ndër vite dhe kështu kanë shkaktuar dëme të paparashikueshme ndaj shoqërisë maqedonase.
“Por ne nuk i braktisim rrugët, përkundrazi. Në këtë mënyrë ofrojmë sinergji ndërmjet veprimit në institucion dhe në terren, pra vetëm intensifikojmë presionin, jo vetëm nga jashtë, por edhe nga brenda. Duhet të sigurojmë një kanal të drejtpërdrejtë për komunikim dhe realizim të nevojave të qytetarëve, që i ka munguar Shkupit me dekada. Përndryshe, mbajmë të gjallë kaosin në terren në çdo fushë”, thonë nga ZHG.
Ndërkohë thonë se janë optimistë, por shtojnë se sa do të bëhet realitet optimizmi varet jo vetëm nga ata, por edhe nga qytetarët.
“Tashmë ua turbulluam ujin partive të vjetra politike, prandaj edhe u paralajmëruar ndryshimet jodemokratike të Kodit Zgjedhor pak para shpalljes së zgjedhjeve, prandaj ka nisur një fushatë e pistë agresive vetëm ndaj ZHG-së. Megjithatë, presim njerëzit të mos lejojnë më të manipulohen dhe të shtyhen në apati. Kushdo që ka tradhtuar besimin e qytetarëve duhet të largohet nga pozicioni me fuqi vendimmarrëse”, janë të qartë nga iniciativa.
Shkak për lindjen e listave të shumta të pavarura është tradhtia e besimit të votuesit, që zgjat me dekada, thonë nga ZHG. Në të njëjtën kohë, ata shprehën përkrahje për aktivistët nga Strumica që luftojnë kundër hapjes së minierave në atë rajon, të cilët dje paralajmëruan edhe formimin e listave të pavarura të këshillit.
“Një pjesë e madhe prej nesh, do t’ia lejoj vetes të them – të gjithë, jemi përpjekur në çdo mënyrë tjetër të ndikojmë mbi bartësit e funksioneve. Në vazhdimësi me shkresa, opinione, qëndrime, por edhe ankesa, denoncime etj. Dhe sigurisht, në prag të zgjedhjeve – kur kanë kërkuar kontributin tonë në formësimin e pikëpamjeve të tyre për disa çështje dhe për programet para zgjedhore. Por gjithçka ka rënë në ujë, pas hyrjes së tyre në funksion dhe jemi lodhur nga e gjithë kjo. Nuk duam të lëmë më jetët tonë në duart e njerëzve që nuk i vlerësojnë dhe nuk i respektojnë ato. Na duhen funksione publike që do të punojnë për të mirën e të gjithëve dhe njerëzit e ZHG e kanë dëshmuar këtë me kontributin e tyre vullnetar ndër vite”, thonë ata.
Ajo që bie në sy te kjo iniciativë, veçohet nga shumica e listave të pavarura se ata dolën me një kandidat për kryetar komune. Për këtë pozitë do të luftojë emri tashmë i njohur në opinion, Ana Petrovska. Ajo së fundi është shkarkuar nga posti i Drejtoreshës së Inspektoratit Shtetëror të Mjedisit jetësor (ISHMJ), ndërsa në të kaluarën ka qenë sekretare shtetërore në Ministrinë e Mjedisit Jetësor.
Petrovska thekson se kandidatura për kryetare komune nuk ishte planifikuar dhe një kohë mendoi nëse do të vazhdojë angazhimin e saj në politikë, pasi ka pranimit të ftesës nga iniciativa. Megjithatë, ajo vendosi të pranojë propozimin.
“Si arkitekt, urbanist dhe ekolog, kam njohuri që mund të jenë të dobishme në menaxhimin e administratës së Qytetit. Në fakt, urbanizmi dhe mjedisi kanë ndikim të drejtpërdrejtë në cilësinë e jetës dhe shëndetit të qytetarëve dhe janë parakushti më i rëndësishëm që Shkupi të jetë qytet i gjelbër human”, thekson Petrovska.
Si drejtoreshë e ISHMJ-së, ajo sqaron se ka fituar njohuri për funksionimin e industrisë, ndërkaq beson se mund të kontribuojë shumë në luftën e ardhshme për një mjedis të shëndetshëm dhe të pastër në Shkup.
Në ndërkohë, sipas saj, Shkupi nuk duhet të zhvillohet më spontanisht, siç thotë ajo, por shton se duhet të ndalet shkatërrimi i gjelbërimit dhe betonizimi i çdo hapësire të lirë.
“Shkupi është ngufatur dhe duhet lënë të marrë frymë. Përfundimisht, urbanizmi duhet të kujdeset për interesin publik. Shërbimet e Qytetit duhet të përmirësohen dhe digjitalizohen, për të reduktuar mundësinë që dikush të marrë vendim diskrecional. Qytetarët duhet të vendosin për zhvillimin e qytetit, jo oligarkët”, thotë ajo.
Pastrimi i deponive ilegale dhe mbyllja e Vardarishte-s janë disa nga gjërat që Petrovska thekson se do tu përkushtohet gjatë punës, por posaçërisht thekson se do të fokusohet në krijimin e kushteve për riciklim dhe kompostim.
Ndër të tjera, ajo u zotua se do të vazhdojë të punojë për uljen e ndotjes dhe mbrojtjen e Vodno-s dhe Matkës, si dhe stimulimin e efikasitetit të energjisë dhe instalimin e paneleve diellore, mbrojtjen e burimit Rashçe dhe zgjerimin e rrjetit të shtigjeve për biçikleta.
Edhe qytetarët e Tetovës do ta përmirësojnë mjedisin jetësor
Problemet mjedisore në Tetovë janë të ndërlidhura, sipas “Më mirë për Tetovën”. Ata sqarojnë se deri më tani nuk kanë qenë dëshmitarë të ndonjë synimi më serioz për ta thyer këtë zinxhir në favor të qytetarëve, por vetëm zvarritje të tyre, deri në atë masë që, siç thonë ata, disa qytetarë e paguajnë paaftësinë e autoriteteve me shëndetin e tyre.
Ideja e formimit të një liste të këshilltarëve të pavarur ka qenë e motivuar nga përditshmëria në qytet dhe duke parë sesi banorët e qytetit, siç thonë ata, mbijetojnë. Ndërkohë, thonë se përgjigja e pyetjes se nga vjen ideja për një listë të tillë është se njerëzit mjaftojnë të bëjnë vetëm një shëtitje nga Universiteti i Evropës Juglindore deri në zonën e qendrës së qytetit, duke shtuar se vetë do të zbulojnë përgjigjen më të mirë.
“Sepse në kushte të tilla nuk mund të quhet jetë, ndërkohë që çdo ditë po shkatërrohet një nga qytetet më të mëdha në Maqedoninë e Veriut nga një grup individësh të cilët në mënyrë mafioze për gati një dekadë mbajnë peng të gjitha institucionet lokale në Tetovë, na detyron të ndërmarrim veprime konkrete për të parandaluar shkatërrimin e mëtejshëm”, thonë ata.
Kanë arritur në përfundimin se do të ishte e pandershme nëse nuk ngrinin zërin dhe nuk merrnin masa, në një kohë kur, siç thonë ata, qyteti është i etur për diçka të ngjashme dhe kur është në prag të shkatërrimit të plotë në çdo fushë.
“Për të gjithë anëtarët e iniciativës ‘Më mirë për Tetovën’, beteja nuk do të fillojë me sigurimin e një vendi në këshillin komunal, por vetëm do të ndryshojë formën, sepse ne e kemi nisur këtë betejë vite më parë përmes aktivizmit tonë tashmë të njohur, e cila betejë është publike dhe çdo qytetar i interesuar është i lirë të njihet me biografitë e secilit prej nesh në ueb faqen e iniciativës”, shtojnë ata.
Ndër të tjera, vërejnë disa pika të nxehta ekologjike në qytet, e një ndër to janë deponitë e vogla në çdo cep, për të cilat thonë se janë bërë të përditshme për sytë e tetovarëve dhe është diçka normale.
“Rreth çdo kontejneri, pa përjashtim, formohen deponi të vogla për shkak të largimit jo në kohë të mbeturinave nga “Ndërmarrja Publike” e Tetovës dhe numrit të vogël të pamjaftueshëm të kontejnerëve në krahasim me numrin e banorëve në qytet dhe rrethinë, rikujtojmë se cisternat apo pajisjet për pastrimin e rrugëve në Tetovë datojnë që nga koha e Titos”, theksojnë nga “Më mirë për Tetovën”.
Edhe pse thonë se në një sondazh të kryer nga Instituti Ndërkombëtar Republikan (IRI), kjo çështje është renditur në top 3 problemet më të mëdha të qytetit sipas banorëve, komuna, ka shumë pak ose aspak investime në përmirësimin e mjedisit jetësor, duke injoruar një nga nevojat më të mëdha të banorëve.
Sipas tyre, qytetarët e Tetovës me pjesëmarrjen e ulët në zgjedhjet e fundit lokale në qytet, kanë dhënë mesazh të qartë për partitë kryesore politike, gjegjësisht, siç thonë ata, reforma apo vazhdimi i bojkotit.
“Tetovarët sot nuk e ndjejnë Komunën e Tetovës si të tyren, as punëtorët e saj si njerëz që paguhen nga taksat dhe tatimet e tyre dhe kjo distancë i shkon për shtat partisë në pushtet, ne jemi të përkushtuar që ta ndryshojmë këtë ‘traditë’ të bërjes së politikës“, thonë ata.
Mesazhet që kanë marrë nga qytetarët, që nga dita e shpalljes së vendimit për të konkurruar me listë të pavarur për Këshillin si dhe nga bisedat e përditshme që kanë, thonë se përveçse tregojnë se një nismë e tillë është shumë e nevojshme dhe e mirëseardhur, gjithashtu i ndërgjegjësojnë për përgjegjësinë e tyre, për të cilën thonë se e marrin me vullnet të madh.
Ata me më shumë përvojë, tashmë janë bërë markë
Gabriela Ilievska dhe Ivan Çullakoski janë emrat e këshilltarëve që aktualisht janë në përfundim të mandatit të tyre në Këshillin e Komunës së Manastirit. Ata vijnë nga një grup i pavarur këshilltarësh i quajtur “Poinaku”.
Ilievska shpjegon për Radio MOF-in se i vjen mirë që pothuajse në çdo qytet ka iniciativa të tilla, për dallim nga katër vite më parë, kur, siç thotë ajo, vetë e kanë hapur këtë rrugë.
“Më vjen mirë që tani shumë qytetarë janë përballur me peshën e pavarësisë dhe kanë treguar guxim si ne katër vite më parë. Ndryshimet mund të vijnë vetëm nëse jeni brenda sistemit. Ne jemi dëshmi për këtë. Edhe pse në katër vitet e fundit nuk kemi qenë faktorë vendimmarrës, nuk kemi pushuar së punuari. Kemi vërtetuar se me presion nga brenda, në sistem, arrihet qëllimi. Ne kemi dëshmuar se duhet të ndryshojë sistemi partiak i qytetarëve në këshillat komunale”, tha Ilievska.
Ajo është veçanërisht krenare, siç thekson ajo, edhe pse vetëm një herë, arritën të marrin shumicën e pushtetit rreth një problemi të përditshëm të qytetarëve të Manastirit.
“Këshilltarët na mbështetën dhe votuan ndryshe nga skemat partiake dhe bindja e zakonshme partiake që udhëhiqet vetëm nga interesi i tyre. Megjithatë, na vjen shumë keq që shumë nga idetë, projektet dhe zgjidhjet tona përfunduan duke u refuzuar pa asnjë shpjegim dhe konsideratë”, shpjegon Ilievska.
Megjithatë, të jesh këshilltar dhe i pavarur, siç shpjegon ai, është një nga ndjenjat më të mira, por thotë se përzihet me ndjenjën e përgjegjësisë dhe një dozë pasigurie, për shkak të besimit që duhet justifikuar.
“Nuk ka rëndësi të bindësh qytetarët që të japin mbështetjen dhe besimin e tyre një këshilltari të pavarur. Kjo është arsyeja pse çdo këshilltar i pavarur duhet të jetë në kontakt me publikun në baza ditore. Një këshilltar i pavarur, në pyetjet apo ankesat nga qytetarët, nuk mund të thotë se kështu ka vendosur dikush në Shkup, por duhet të thotë pse ka votuar në një mënyrë apo tjetër, pse ka thënë diçka apo jo”, tha ajo.
Iniciativa e tyre tashmë është brend në Manastir, mendon Ilievska, e cila shton se shumë bashkëqytetarë të tyre në iniciativë shohin ndryshimin e mënyrës së jetesës në qytet.
“Ndryshimet në Kodin Zgjedhor, një goditje e paprecedentë ndaj demokracisë”
Njoftimi për ndryshimin në Kodin Zgjedhor në vigjilje të zgjedhjeve të reja lokale po trazon opinionin. Me ndryshimet ishte parashikuar edhe rritja e pragut të kërkuar për mbledhjen e nënshkrimeve, me çka listat dhe kandidatët për kryetarë të komunës duhet të mbledhin më shumë nënshkrime se minimumi i parashikuar aktualisht.
Organizata të shumta, parti parlamentare dhe joparlamentare, qytetarë kanë reaguar ndërsa alarmin ka ndezur presidenti Stevo Pendarovski i cili ka thënë se nuk do ta nënshkruajë ligjin. Megjithatë, ndryshimet, për fat të mirë të listave të pavarura, ngecën në Komisionin e Sistemeve Politike për shkak të 772 amendamenteve të dorëzuara nga e Majta.
“Zelen Human Grad”, së bashku me listat e tjera, ka reaguar më parë ndaj ndryshimeve në Kodin Zgjedhor, duke i cilësuar ato një goditje të paprecedentë për demokracinë. Siç sqarojnë për Radio MOF-in, ndryshimi, i cili sipas tyre është bërë në mënyrë më perfide dhe i është dorëzuar deputetëve në momentin e fundit, pak para seancës, do të nënkuptonte dhjetëfishim të numrit të nënshkrimeve të kërkuara për qytetin e Shkupit.
“Dhe kjo do të nënkuptonte për herë të parë në historinë e Maqedonisë vendosjen e një dispozite për të cilën edhe po të mblidhnim 10.000 nënshkrime, lista mund të dështonte vetëm nëse një person heq dorë pas konfirmimit të saj nga KSHZ. Një problem tjetër ishte vazhdimi i monopolizimit diskriminues të hapësirës mediatike, me të cilën partitë e mëdha ndajnë 90%, dhe gjitha të tjerat duhet të ndajnë gjithsej 10%. Të gjitha këto ndryshime të propozuara u prezantuan në mënyrë të rreme si një lloj përafrimi me rekomandimet e OSBE/ODIHR dhe Komisionit të Venecias, por në fakt nënkuptonin shtypjen dhe ngufatjen e votës së pavarur civile dhe uzurpimin e kanaleve të masmedias që janë karakteristike për vendet me regjim, dhe jo vendet demokratike”, thonë nga ZHG.
Ata u ankuan edhe për procesin e mbledhjes së nënshkrimeve, duke thënë se kanë pasur pengesa të caktuara që janë kapërcyer me shumë këmbëngulje. Një nga ato pengesa, siç theksuan ata, është mos pasja e qasjes në disa nga zyrat rajonale të KSHZ-së, gjegjësisht shtojnë se qytetarët kanë mundur të nënshkruajnë vetëm në pesë vende nëpër Shkup.
Në të njëjtën kohë, Komisioni për Parandalim dhe Mbrojtje nga Diskriminimi konstatoi vazhdimin e diskriminimit të drejtpërdrejtë nga ana e Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve ndaj personave me aftësi të kufizuara fizike në zyrën rajonale në Karposh.
Raundi i parë i zgjedhjeve lokale është caktuar për 17 tetor.
Martin Koloski