Недопишаните книги на Сер Тери Прачет беа уништени со градежен валјак во петокот, како што побарал самиот во својот тестамент.
Хард драјвот на Прачет беше искршен од стар валјак од компанијата John Fowler & Co, на отворањето на нова изложба за животот и работата на писателот.
Прачет, познат по неговиот шарен и сатиричен серијал Diskworld, почина во март 2015 после долга битка со Алцхајмеровата болест.
После неговата смрт, неговиот колега и близок пријател Нил Гајман, за Тајмс изјави дека Прачет сакал „на што и да работел во времето на неговата смрт, да биде земено заедно со неговите компјутери, да биде ставено сред пат и да биде поминато со валјак“.
Во петокот, Роб Вилкинс, кој управува со имотот на Прачет, од неговиот официјален Твитер профил „твитна“ дека ја завршил неговата обврска кон Тери, заедно со фотографија од здрав компјутерски хард драјв. Веднаш потоа, го твитна истиот хард драјв на парчиња.
About to fulfill my obligation to Terry @SalisburyMuseum @Wiltshire_flo pic.twitter.com/B0xr3V5Cbg
— Terry Pratchett (@terryandrob) August 25, 2017
There goes the browsing history… Many thanks to @steamfair. Soon to be on display at @SalisburyMuseum in September https://t.co/Di8tvTO4Hi pic.twitter.com/onGGWLDYL4
— Terry Pratchett (@terryandrob) August 25, 2017
Симболизмот на моментот, кој опфаќа дел од уникатниот смисол за хумор на Прачет, го препознале и неговите фанови на Твитер.
Хард драјвот ќе биде изложен како дел од големата изложба за неговиот живот и дело, „Тери Прачет: Неговиот свет“, која се отвора во музејот на Селсбери во септември.
Прачет е автор на повеќе од 70 романи, а Алцхајмерова болест му беше откриена во 2007 година.
Стана гласен поборник за асистирана смрт, а држеше и предавања на темата именувани „Ракувајќи се со смртта“. Во 2010 година сними документарец за ББЦ, „Тери Прачет: Избирајќи да умреш“.
Продолжи да пишува и објавува, најчесто со помош од други автори, сè до неговата смрт во 2015 година. Два романи беа објавени постхумно: „Долгата Утопија“ (соработка со Стивен Бакстер) и „Круната на овчарот“, последниот дел од серијалот Discworld.