„Ни забите на лавот, ни боцките на розата!“ е насловена новата „герила акција“ на студентите од Студентски пленум во Скопје. Тие утрово преку транспаренти поставени на неколку места во градот повикуваат на студентско будење и истакнуваат дека не се партизирани.
Слични герила акции на студентите веќе имаше во Скопје и Прилеп, а во пресрет на најавените студентски протести против предлогот за воведување државен испит на универзитетите.