Неоспорениот крал на алтернативниот рок, австралискиот патувачки поет Nick Cave повторно доаѓа на EXIT, овојпат со неговите Bad Seeds. На 30-годишнината од постоењето на групата, на Петроварадинската тврдина тие за своите фанови ќе изведат музика од нивниот богат опус од 15 албуми, вклучувајќи и премиерно – од нивното последно издание „Push The Sky Away“ од февруари годинава.
Nick Cave е култен музичар, кој важи за еден од столбовите на алтернативната сцена во последните децении. Ова ќе биде негова втора посета на Нови Сад, по настапот со неговиот втор бенд Grinderman на главната сцена во 2011, кој остана запаметен како еден од најексплозивните концерти во историјата на EXIT.