Хрватскиот летен фестивал InMusic 2018 има сè побогата и побогата музичка понуда. Откако беше објавено дека на фестивалот ќе настапат стонер-рокерите Queens of the Stone Age, Nick Cave and the Bad Seeds и ветеранот Дејвид Бирн, неодамна беа додадени и Сент Винсент, бендот на атрактивната гитаристка и пејачка Ени Кларк, поп сензацијата Portugal. The Man и Interpol.
На тридневниот фестивал, кој годинава ќе се одржи од 25-27 јуни, досега се најавени дека ќе настапат и Frank Carter & The Rattlesnakes, Alice In Chains и The Kills, како и африканскиот „гитарски херој“ Бомбино.
Лоциран на живописниот брег крај езерото Јарун во Загреб, на островот на младоста, InMusic фестивалот низ годините се изгради како синоним за добар инди-рок, алтернативна и фјужн музика.
Меѓу позначајните изведувачи кои настапиле на фестивалот изминативе неколку изданија се и Florence and the Machine, PJ Harvey, Alt-J, Kasabian, The Black Keys, Arcade Fire, Franz Ferdinand, Morrisey, Massive Attack, Moby, LCD Soundsystem, Iggy Pop & The Stooges и многу други.
Билетите за тридневниот фестивал, како и за кампинг место, може да се набават на следниот линк.