Никлоче Ж. Гуевски: Неверојатно, но вистинито – штрумфовите дојдоа и во Македонија

штрумФРано утринава во центарот на градот беа забележани сини суштества како се движат од плоштадот кон Гратскиот трговски центар. Според еден очевидец станувало збор за група од десетина суштества, кои зборувале на непознат јазик и правеле чудни потези при движењето.

„Додека одев од камениот мост кон ГТЦ забележав група од десетина сини суштества со изобличени лица. Зборуваа на непознат јазик и изгледаа доста таинствено. Веднаш го пријавив случајот во полиција, бидејќи не знаев за што станува збор“ – изјави граѓанинот очевидец.

Од МФР посочија дека станува збор штрумфови кои оваа работна недела се во посета на Македонската Република. Штрумфовите претходно ги имаат посетено Србија и Црна Гора, а нивна следна дестинација каде ќе се упатат е Грција. Од Кабинетот на поглаватарот на владата им се препорачува на граѓаните да не паничат доколку дојдат во средба со штрумфовите и соопштуваат дека обезбедени се сите заштитни мерки, така што нема потреба од дополнителна загриженост.

„Неверојатно, но вистинито. Штрумфовите дојдоа и во Македонија“ –изјави претседателот на владата, Николче Ж. Гуевски

Социјалдемагогите пак ја негираа веста за штрумфовите и рекоа дека сините суштества се вонземјани кои во најкраток временски рок би требало да се приведат и да се спроведаат соодветни мерки за нивно растерување.
-Гуевски не го лажи народот и сам знаеш дека се вонземјани – изјави лидерот на социјалдемгогите, Лицето Б.Ц.
Во текот на денот сините суштества се зебележени и во скопската населбите Аеродром, Лисиче и Кисела Вода.

#кромид036

predupreduvawe