Македонскиот автор Никола Маџиров ќе чита поезија на отворањето на меѓународниот фестивал „Поети во Трансилванија” што се одржува во романскиот град Сибиу.
На фестивалот учествуваат и автори од Ирска, Белгија, САД, Шведска, Велика Британија и Полска.
Маџиров претходно учествуваше и на меѓународниот фестивал „Михаи Еминеску” во Крајова во Романија, а наскоро ќе следи и претставување на неговата поезија во Букурешт.
Поезијата на Никола Маџиров беше објавена во превод на романски јазик од Дениса Дуран и Јоана Јероним, во повеќе списанија во Романија.