Нилските коњи на Пабло Ескобар легално признаени како луѓе од американски суд

По смртта на Пабло Ескобар во 1993 година, нелегално увезените животни на неговиот имот во Колумбија биле предадени на зоолошките градини. Останале само четири нилски коњи, за кои властите сметале дека е невозможно да се дислоцираат.

Тие биле оставени на земјиштето, но набрзо пребегале во околината на реката Магделена. Оттогаш нивниот број се зголемил на 100 единки.

Како дел од борбата да се спасат „кокаинските нилски коњи“, животните биле прогласени како нечовечки суштества кои легално ќе бидат сметани за луѓе од страна на американските судови.

Колумбиските власти дискутирале за убивање на нилските коњи бидејќи ги сметале за инвазивен вид. Наводно, тие се натпреварувале со локалната фауна за храна и ја загадувале водната мрежа со нивниот измет.

Но, научните сметаат дека цицачите всушност му помагаат на екосистемите, бидејќи ги замениле видовите кои биле истребени поради човекот. Истражување направено во 2020 година открило дека исхраната на нилските коњи, како и нивната големина, биле слични со истребените џиновски лами.

Колумбискиот судија Луис Доминго Гомез Малдонано поднел тужба во име на животните. Со потегот, судијата сакал да ги заштити нилските коњи од убивање.

Фондот за лига за одбрана на животните (ADLF), аплицирал во име на нилските коњи за двајца експерти за диви животни од Охајо, кои би ја споделиле својата експертиза за нехируршка стерилизација.

Апликацијата била одобрена, што значи дека Окружниот суд правно признал нечовечки суштества како луѓе за прв пат во историјата на САД.

„Животните имаат право да бидат ослободени од суровост и експлоатација, а неуспехот на американските судови да ги признаат нивните права ја попречува можноста за спроведување на постојната законска заштита“, изјавиле од Фондот.

Ова е мал чекор за необичните миленичиња на Пабло Ескобар, но истиот може да има огромно влијание врз случаите за правата на животните низ САД. Како што изјави управниот адвокат на ADLF, ова е првиот „конкретен пример“ каде американски суд ги овластил животните да ги користат законските права во свое име.