Фронтменот на NIN, Trent Reznor, го најави враќањето на бендот на Twitter преку објава на својот личен профил, пишувајќи дека „новите NIN се враќаат во 2016 година“.
Бендот од САД нема објавено албум од 2013 година, кога беше издаден Hesitation Marks. Накратко после албумот беше објавена и книгата Cargo in the Blood, лимитирано издание од 2000 копии.
New NIN coming in 2016. Other stuff, too.
— Trent Reznor (@trent_reznor) December 18, 2015
Настрана од NIN, Reznor има доста активна кариера. Наводно работи на нов проект: рок-опера верзија од познатата книга, а подоцна и легендарен филм, Fight Club.
Во проектот најверојатно ќе бидат вклучени и режисерот David Fincher, и авторот на книгата, Chuck Palahniuk. Reznor има соработувано со Fincher и претходно, пишувајќи ја музиката за филмовите The Social Network, The Girl With the Dragon Tattoo и Gone Girl.
Извор: NME