„Nine Inch Nails“ изненадно објавијa нов албум. „Ghosts V-VI“ се појави денеска и е достапен за бесплатно симнување на официјалниот сајт на бендот. Вокалот Трент Резнор, на „Твитер“ објаснил дека албумот се состои од двa дела, „Ghost V: Together“ и „Ghosts VI: Locusts“, а изданието ветува часови и часови музика, понекогаш среќна, понекогаш не.
Anybody out there?
New Nine Inch Nails out now. Ghosts V – VI. Hours and hours of music. Free. Some of it kind of happy, some not so much.https://t.co/Q7VZ1z8gFi— Trent Reznor (@trent_reznor) March 26, 2020
Првиот, па сè до четвртиот дел на музичкиот серијал „Ghosts“ се објавија како самостојно издание во 2008 година. Тоа ја вклучуваше и песната „34 Ghosts IV“, која продуцентот Јанг Кио подоцна ја употреби како семпл за битот на „Old town road“ на Лил Нас X.
„Hesitation Marks“, последниот албум на „Nine Inch Nails“ беше издаден 2013 година, иако бендот потоа издаде и три ЕП изданија „ Not the Actual Events“, во 2016, „Add Violence“, во 2017, и „Bad Witch“ во 2018 година.
Трент Резнор и Атикус Рос ја напишaa музиката за филмските остварувања „Mid90s“ и „Soul“, како и музиката за серијата на ХБО, „Watchmen“.
Извор: Pitchfork