Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви го претставуваме „Altitude Aspects“, проект на фотографот Стефан Димитриевски.
Димитриевски вели дека проектот го започнал во 2022 година, но сè уште не е завршен.
„Фотографиите опфаќаат пејсажи и перспективи од природата, еколошки моменти, архитектура, комбинација од истите и слично. Со што си давам еден вид на слобода да експериментирам да додавам и одземам. Конкретно на фотографиите е прикажан момент од напуштен објекти кои функционира во склад со околината и има еколошки карактер и пејасжи од напуштена депонија која што погледната од друга перспектива предизвикува друга перцепција“, вели тој за Радио МОФ.
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.