#НизТвојотОбјектив – Циклус фотографии од Доан Акити

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив претставуваме циклус фотографии од Доан Акити.

„Со фотографија се занимавам околу 6 години. Освен со фотографија се занимавам и со видеографија и видео монтажа, каде што голем удел и олеснителна околност беше познавањето на фотографијата како основен темел на визуелната уметност. Како млад артист мојот уметнички опус е претежно експериментален и постојано се менува во однос на потребите, за надоградба на моето знаење во различните правци на овој медиум“, вели Акити. 

 

 

 

„Најчесто сакам да фотографирам во темни услови каде што процесот е значително потежок, но и задоволството поголемо. Фотографирање во синиот час е еден таков пример, но и зајдисонцето или пак боите на градот во ноќна атмосфера. Естетика која ме инспирира е брутализмот, но и онаа југословенска естетика што сите ја памтиме од детството кај нашите баби и дедовци. Вкусовите и емоциите ме водат низ животот, но и до мојата следна фотографија“, забележува фотографот.

 

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.