#НизТвојотОбјектив – „Еднаш свет изградив…“ од Иво Велчевски

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме дел од селекцијата фотографии насловена „Еднаш свет изградив…“ на Иво Велчевски.

Фотографиите како, што вели Велчевски, се организирани во поголема книга од 60 дела.

„Најчесто е фотографиран некој хаос, апсурд. Ми беше прва година во Скопје па лутајки низ градот почнав да забележувам и да се прашувам што зошто и како. Идејата околу естетиката е поетика на грдото, разурнатото. Политичкиот хаос во државата и неговата крајна манифестација на физичкиот простор околу нас, сето тоа замачкано со некој идеал за национализам, кој што во основа е апстрактен, замислен“, вели младиот фотограф за Радио МОФ.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.