Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив, ја имаме Ана Марија Тикова која студира филмска и ТВ монтажа, а во слободно време вели дека се занимава со контент креација и фотографија.
„Фотографијата за мене е пренесување на полетното чувство кога нешто ќе ти го скрене вниманието и во тие неколку мигови едноставно ништо друго не постои. Најчесто инспирација црпам од енергијата на одреден амбиент, од ситни детали или од контрастни и богати бои“, вели Тикова.
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.