Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ѕиркаме во аналогниот апарат на Ана Рунчева, графичка дизајнерка.
„Одамна сум ентузијаст за фотографија, но изминатите три години сум фасцинирана од аналогната фотографија и алтернативните фотографски процеси. Фотографијата на филм во овие услови во кои моментално можам да ја практикувам носи многу ограничувања со себе и тоа ми беше привлечно за овој тип на фотографија. Најчесто фотографирам портрети и сцени од секојдневниот живот а темите ги бирам во зависност од тоа каков филм имам во моментот. Кога работам со филм во боја сакам да фотографирам предмети, сцени и луѓе кои носат впечатливи бои“, вели таа за Радио МОФ.
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.