#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Филипа Сара Попова

Овој четврток во рубриката #НизТвојотОбјектив ја имаме Филипа Сара Попова, студентка по општа и компаративна книжевност, и како што вели „аматер-фотографка во привремена пензија. :)“.

„Фотографирањето секогаш ми давало шанса да откријам скриени убавини, извитоперености или метафори во пукнатините на светот и секојдневниот живот.Неколкуте фотографии кои ги испраќам за мене покажуваат различни аспекти од поврзаноста и односот меѓу човекот и природата (дали директно или метафорично). Колку сме повеќе свесни за моќта на тоа взаемно влијание, толку повнимателно и ќе дејствуваме со околината“, вели таа за Радио МОФ.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.