Овој пат со рубриката #НизТвојотОбјектив ѕиркаме во светот на модната фотографија. Ви претставуваме наш избор од фотографското портфолио на Горан Поповски.
Поповски потекнува од Македонија, а моментално живее и работи во Белград.
Фотографиите се преземени од неговиот профил на Инстаграм.
View this post on Instagram
Овие фотографии се именувани со хаштагот #Scenes и се направени пред облакодерот „Западна капија“ во Белград.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.