Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив ѕиркаме во албумот на Константин Митевски, режисер и фотограф кој преку своите фотографии најчесто ја истакнува симетријата.
„Секако тука се и добрата композиција, формите, боите, контрастот и текстурите. Исто така обожавам кога фотографирам апстракции бидејќи тие ме исполнуваат со нивната чудесија“, вели тој за Радио МОФ.
Во продолжение погледнете дел од неговите фотографии.
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.