Денес во #НизТвојотОбјектив ви претставуваме фотографии од Кристина (Тина) Филипоска.
Таа за себе вели дека покрај студиите во слободно време се занимава со фотографија и видеомонтажа, а љубовта за тоа ја одржува и преку ангажмани за фестивали. Додава дека е љубител на филмот, книгата (особено правото и филозофијата) и добра музика. Оваа година го започнала и нејзиниот прв соло проект, подкастот „Микро живот“ од кој две епизоди се веќе во етерот.
„Силно верувам во тоа дека фотографијата е најблиското нешто до time-travel што го имаме, покрај видеото, фотографијата ја сметам за мојата алатка со која успешно ги замрзнувам некои од најубавите моменти низ кои сум поминала. Од родендени до фестивали, до журки и концерти – од сè имам барем по две фотогарфии, тоа е мојот живот, секој пат ги оставам тие самите да зборуваат за мене“, раскажува Тина за фотографиите кои ни ги прати при што истакна дека ѝ се некои од поомилените што ги има фотографирано.
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.