#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Виктор Милошески

Денес во рубриката #НизТвојотОбектив споделуваме фотографии од Виктор Милошески.

„Имам работено во фирма каде сто секојдневно работев со фотографи низ целиот свет и им се восхитував на слободата и креативноста што ја имаа. Тоа ме натера да земам фотоапарат и да почнам да истражувам, дефинитивно не згрешив!“, открива тој за Радио МОФ.

Вели дека фотографијата за него е можност да го доживее светот на нов начин, да го зачува и повторно да го живее секој документиран момент.

„Со секоја фотографија, ја пренесувам својата уникатна перспектива на начин што зборовите не можат секогаш да ја доловат. Најчесто фотографирам природа, бидејќи уживам во нејзиното истражување и откривање. Кога се наоѓам на отворено, камерата ми служи како инструмент за запирање на моменти на тишина кои честопати се скриени од брзиот тек на секојдневието“, споделува Виктор.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.