Музичкиот магазин NME во следното издание, кое излегува оваа сабота (9 август) ќе ја објави листата на која се претставени највлијателните светски музичари во овој момент, составена од неговите музички новинари и критичари.
Како што објаснуваат од NME, ова е листа од која се изоставени бендовите и артистите кои најчесто фигурираат како највлијателни на сите времиња. Ги нема The Beatles, Rolling Stones, Led Zeppelin, Sex Pistols и други вакви бендови, кои на оваа листа им отстапуваат место на групите и музичарите кои според NME се влијателни во овој момент и кај денешната публика.
Засега не се открива кој бенд е на врвот на листата, но се знае дека на неа котираат: The xx, David Bowie, The Smiths, Radiohead, Nirvana, Prince, Arctic Monkeys, Kasabian, Oasis, Kraftwerk, Kate Bush, Nick Kave, The Flaming Lips, Kanye West, Fleetwood Mac, Joy Division, Blur и Bjork, меѓу другите.