НМС го поддржа протестот на студентите

Националниот младински совет на Македонија, како претставничко тело и чадор организација на 57 младински организации, даде поддршка на утрешниот протест на студентите.

Од НМС ги повикаа младинските организации во Македонија да земат активно учество во протестот, затоа што студентските права се и младински права.

„НМСМ се залага за младинско учество и во таа насока ги повикуваме институциите да седнат со студентите и професорите и да најдат заеднички прифатливи решенија. Дискусиите за младите треба да се водат со младите“, порачуваат оттаму.