Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објави повик за млади на кои им е потребна поддршка при грижата за нивното ментално здравје. Повикот нуди бесплатен психолог со кој младото лице ќе работи, шест индивидуални средби со психологот и шест недели континуирана поддршка.
Целосниот повик го пренесуваме во продолжение:
1. Услови и обврски за учество во програмата
Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведува Националниот младински совет на Македонија. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:
- Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;
- Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
- Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.
Преку оваа програма за ментално здравје ќе се поддржат млади лица на возраст од 16-29 години. Предност ќе се даде на лица кои доаѓаат од рурални средини, млади во ризик, млади без здравствено осигурување и НЕЕТ млади (млади кои не се во процес на едукација, вработување или тренинг). Ќе се поддржат 100 млади лица, на кои ќе им бидат покриени 6 сесии со психолог назначен од страна на НМСМ. Поради заштита од КОВИД-19, сесиите ќе се изведуваат преку електронските платформи за комуникација, во термин по договор помеѓу младото лице и назначениот психолог.
Обврските на избраните млади лица – учесници во програмата за ментално здравје ќе бидат следните:
– Да учествуваат на сите 6 сесии со психологот (сесиите ќе се одвиваат еднаш неделно во период од 6 недели, освен во ситуации кога психологот ќе процени дека е потребен зголемен интензитет на средби)
– Да се придржуваат до избраниот термин за средби (кој ќе ги изберат при пополнување на формата за пријавување)
– Да пополнуваат евалуација за задоволството од сесиите (Општи податоци за средбите, кои ќе имаат за цел да измерат дали ваквите сесии ја нудат потребната поддршка на младото лице. При пополнувањето на евалуацијата нема да се бараат податоци кои ќе ја загрозуваат доверливоста помеѓу психологот и младото лице.)
Условите кои НМСМ ќе ги понуди за учество во оваа програма се:
– 6 бесплатни сесии со психолог
– психолог назначен од страна на НМСМ
– техничка поддршка при реализација на електронските сесии (доколку тоа е потребно).
2. Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот достапен на следниот линк најдоцна до 26.09.2021 година. Доколку имате прашања, слободно обратете се на applications@nms.org.mk или на 070 399 058.
Напомена: сите сензитивни податоци дадени при пополнувањето на формуларот за пријавување ќе бидат искористени само со цел да се избере психолог со соодветна позадина и експертиза, како би се понудила соодветна поддршка на учесниците во програмата. Сепак, доколку не се чувствувате удобно да ги одговорите сите прашања, оставете ги празни. Тоа никако нема да влијае во процесот на селекција на учесниците во програмата, кои ќе бидат селектирани само според карактеристиките наведени во повикот, а се до пополнување на сите 100 места.
Рокот за аплицирање на повикот е 26.09.2021 година.
Повеќе информации на следниот ЛИНК.