Нобеловата награда за физика за научниците кои ја создадоа сината LED диода

Нобеловата награда за физика годинава им се доделува на тројца научници Исаму Акасаки и Хироши Амано од Јапонија и американскиот научник Шуџи Накамур.

_78057719_78057718

Како што соопштија од Нобеловиот комитет за физика, наградата се доделува за нивната работа во развивањето на диоди кои зрачат сина светлина – или LED диоди. Оттаму додаваат дека работата на наградените научници помогнала да се направат извори на високо енергетска ефикасна бела светлина, која им е на располагање меѓу другото и на „паметните телефони“.

_78058461_t3550190-view_of_a_man_holding_a_blue_light_emitting_diode-spl

Научниците ја направиле првата сина ЛЕД светилка во раните 90. години. Нивното прогласување беше направено на прес конференција во Шведска, со што станаа дел од престижната листа од 196 научници, добитници на оваа награда која се доделува од 1901 година.

Наградата за физика изнесува 1, 1 милион долари.

Извор: BBC