Нобеловката Марија Реса беше ослободена од обвиненијата во последниот од петте случаи за даночно затајување поднесени против неа на Филипини за време на владеењето на поранешниот претседател Родриго Дутерте.
„Знаете која е песната на нашата генерација? Треба да се има верба“, изјави Реса за „Би-Би-Си“.
Сите случаи со обвиненија против Реса беа покренати за време на мандатот на Дутерте. Веб-сајтот Рапплер чиј основач е новинарката Реса објавуваше извештаи во кои се критикува неговата борба против дрогата. Ресе ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година за бестрашно известување наспроти растечкиот авторитаризам на Филипините. Таа наградата ја делеше со рускиот новинар Димитри Муратов.
„Новинарството е противотров за тиранијата“, изјави нобеловката.
Дутерте, кој поднесе оставка во јуни 2022 година се соочува со истрага од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за „злосторства против човештвото“ за преку илјадници смртни случаи поврзани со неговата кампања против наркотици.
„Ова е победа не само за Рапплер, туку за сите кои продолжија да веруваат дека слободниот одговорен печат ги зајакнува заедниците и демократијата“, соопштија од медиумот за ослободителната пресуда на Реса.
Осудата за даночно затајување ќе ѝ донесеше 34 години затвор на Реса. Случаите произлегоа од продажбата на филипински депозитарски сметки во 2015 година, што е начин за компаниите да се финансираат од странски инвеститори.
Во 2015 година Раплер добил средства од Мрежата Омијдар, филантропска инвестициска фирма покрената од Пјер Омијдар, кој е основач на ИБеј. Сепак медиумот отфрлаше дека е под странска контрола.
59-годишната Реса се жали и на пресудата во посебен случај за сајбер клевета каде беше осудена на 7 години затвор. Во моментов таа е ослободена со кауција.
Исто така Рапплер се соочува и со затворање по наредба на Филипинската комисија за хартии од вредност за наводно кршење на уставната забрана за финансирање на локален медиум со странски пари.