Нобеловката за мир Уидед Бушамауи со титула почесен професор на ФОН

Добитничката на Нобеловата награда за мир Уидед Бушамауи денеска од Универзитетот ФОН ќе добие титула почесен професор (profesor honoris causa). Бушамауи, како претседател на УТИКА, една од четирите организации кои го сочинуваат „Тунискиот квартет“ во 2015 година ја добиваат Нобеловата награда за мир за придонес за градење плурално општество во Тунис по „Јасминовата револуција“ во 2011.

Бушамауи по револуцијата стана првата жена председателка на Стопанската комора на Тунис. Заедно со останатите постари активисти на невладиниот сектор, успеала да ја спаси државата од економски и политички колапс и да ги организира првите слободни парламентарни и председателски избори.