Документарниот филм „Facing Animals“ во текот на ноември ќе се прикажува во младинските кино клубови на МОФ и МакеДокс, во 12 градови низ Македонија. Ноемврискиот караван започнува денеска, во 19:00 часот, со проекција во Кратово, во клубот на МОФ (Регионален Центар за одржлив развој, Гоце Делчев, 24)
„Facing Animals“ (Соочување со животните) е триесетминутен холандиски документарен филм во режија на Jan van Ijken и говори за исклучително комплексниот и неретко бизарен однос меѓу животните и луѓето.
„Зошто го тргаме погледот од милионите животни кои се одгледуваат на индустриските фарми додека другите ги галиме и се однесуваме кон нив како да се човечки суштества? Протагонистите во филмот се свињи, кокошки, крави и кучиња, а антагонисти се луѓето. Светот го гледаме од перспектива на животните: пилињата се фрлаат на подвижна лента, жена гали крава на ливада, прасиња квичат додека им ги сечат опашките, кучиња се благословуваат во црква. Шокантни и често спротивставени слики кај гледачите предизвикуваат цела палета на спротивставени емоции. Сепак, како што и самиот режисер истакнува, фимот не е памфлет против индустриското одгледување на животни, туку му е намера да се преиспита односот на луѓето и животните во сите негови контроверзи.“, се наведува во појаснувањето за филмот.
Во продолжение целосниот распоред на проекциите:
06.11 Кратово, 19:00 Регионален Центар за одржлив развој, Гоце Делчев 24
13.11 Куманово 13ч
14.11 Кичево 16ч МОФ Клуб
19.11 Битола, просториите на МКЦ клуб
21.11 Тетово 12:00, МОФ Клуб ул. „Јане Сандански“ 50/1
21.11 Струга, Здружение за развој и активизам „АКВА“–Струга, ул: „Климетица“ бр. 8
27.11 Дебар, 12ч
27.11 Ресен 18:00, простории на Акција Плус – Ресен
30.11 Велес 17:00, Фондација за локален развој и демократија Фокус, Солунска 2а(спроти Североф)
30.11 Неготино 19:00, простории на Центар за Регионален Одржлив Развој (ЦРОР)
Распоредот на проекциите како и новости и дополнителни информации може да најдете на линкот на Фејсбук настанот на Младински филмски клубови.