„Ноќ на идеите“ – Дебата за вештачката интелигенција и културата во четврток

Може ли вештачката интелигенција (ВИ) да ги замени уметниците и писателите или е дополнителна алатка која ја стимулира иновацијата? Кому му припаѓа едно дело создадено од ВИ? Што станува со авторските права и уметниците?

Ова се некои од прашањата кои ќе бидат одговорени на дебатата за вештачката интелигенција и културата која ќе се одржи во четврток (13 февруари) од 19 часот во Европската куќа Скопје.

На дебатата ќе учествуваат Жан-Габриел Ганасија, професор на Универзитетот во Сорбона и автор на „Вештачката интелигенција објаснета на луѓето“ (2024), Андреа Кулаков, професор на Финки и Илија Тирицовски креативен, филмски и ТВ продуцент кој ќе го претстави проектот „РеКреирање на иконите“.

Заинтересираните треба да се пријават за учество на дебатата на следниов ЛИНК.