По повод 90-то издание на „Оскарите“, кое ќе се одржи на 4 март, МКЦ организира дводневни подготовки со филмови кои се номинирани за награда од Американската филмска академија. Настанот е именуван „Ноќ пред Миланка – Оскаровците во МКЦ“.
„Петок и сабота, 2 и 3 март, без црвен тепих и без ф’стани“, соопштуваат од Младинскиот културен центар
На 2 март (петок) од 19 часот ќе се прикажува рускиот „Без љубов“, номиниран за најдобар филм од неанглиско јазично подрачје. Истиот ден од 21:30 часот следува „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ на Мартин Мекдона, номиниран за најдобар филм.
Следниот ден од 19 часот ќе биде проектиран „Квадратот“, номиниран за најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, а веќе награден на фестивалот во Венеција. Последен од на мини фестивалот од 21:30 часот ќе биде „Величествениот шоумен“, кој е номиниран за најдобра песна.
Билети се 150 денари, а можат да се набават само на билетарницата на МКЦ.