Норвешката црква го одобри во понеделникот венчавањето на двојки од еден пол, со што стави крај на долгогодишните дебати по ова прашање.
Вкупно 88 од 115 присутни членови на општиот синод, нависокото тело кое ги носи одлуките во Евангелистичко лутеранската црква, гласале за предлогот да се овозможат венчавките на лица од ист пол, на собирот одржан во Трондхајм, во западна Норвешка.
Но, иако оваа одлука се однесува на целата црква, секој пастор ќе има право да одбие да изврши таков обред.
„Тоа е порака до норвешкото општество да каже дека хомосексуалците не би требало да бидат поинаку третирани, но и сигнал упатен до остатокот од светот, првенствено до другите цркви дека љубовта меѓу две лица од исто пол, исто така, треба да биде признаена во верската арена“, изјавил Гард Ралф Сандакер-Нилсен, водач на либералното движење Apen Folkekirke (Отворена црква), кој и самиот е деклариран како хомосексуалец.
Противниците на оваа одлика, кои на синодот биле во малцинство, сметаат дека Библијата го дефинира бракот како заедница меѓу маж и жена.
Норвешката протестантска црква е основена по 1536 година и околу 73 отсто од 5,2 милиони жители се изјаснуваат за нејзини припадници. Последниот синод таа го одржа во 2014 година, кога истиот предлог беше одбиен.
Венчавките на еднополовите двојки во црквите досега го овозможија, исто така, протестантските цркви во Шведска и во Данска.