Француската музичка атракција „Nouvelle Vague“, предводена од Марк Колин во поддршка на сензуалните вокали Мелани Пен и Лисет Але повторно ќе се претстават пред скопската публика.
Тие ќе настап во рамки на 20. издание на Таксират фестивал кое ќе се одржи на 8 декември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Пред четири години групата настапи во off-програмата на фестивалот, но концерт одржа и во 2010-та година.
Годинава, „Таксират“ ќе понуди две сали и три фестивалски сцени, со значајни музички имиња и капацитет за 10.000 посетители.
Покрај „Nouvelle Vague“, досега потврдени изведувачи се „Mando Diao“, „Therapy“, „Smut“ и „RAHZEL“ заедно со „the X-Ecutioners“.
Билетите се веќе во продажба, со најповолната цена од 500 денари.