Нов, бесплатен магазин наречен Swipe, е насочен кон милениумците и го претвора интернет светот во печат.
Нарекувајќи се себеси „најдоброто од интернетот во печатена верзија“, Swipe објавува текстови и фотографии од онлајн медиумски партнери и ги печати како магазин за вести и животен стил.
Да се лансира печатена публикација е секако интересен избор, бидејќи времињата се тешки за печатените медиуми во Велика Британија во моментот, пишува Mashable. Весникот New Day престана да се печати само девет недели после првото издание поради лошата продажба. Independent го објави своето последно печатено издание во март, и стана искучиво онлајн весник.
Лондон има мал број бесплатни публикации кои се доставуваат во јавниот превоз, како Metro, City A.M и The Evening Standard. И Time Out и NME преминаа од претплата на бесплатна дистрибуција во изминатите неколку години.
It’s Thursday. Get your copy of the first Swipe magazine at tube stations across London pic.twitter.com/oybVClF82f
— Swipe Magazine (@SwipeLDN) May 26, 2016
Младиот тим на Swipe (сите во редакцијата имаат помалку од 30 години, според главниот и одговорен уредник Барни Гитон), мисли дека може да донесе нешто поразлично во медиумот.
„Печатот е далеку од мртов, но не успеа да биде иновативен во времето на онлајн медиумите. Ние ги нудиме квалитетот и различноста на интернетот, но во печатена верзија, која е се уште најпопуларниот медиум за читање“, вели издавачот Том Рендел.
Swipe има повеќе од 70 сајтови-партнери, и се уште е во потрага по нови веб страници и блогови. На партнерите им исплаќа околу 10-15 американски центи за еден објавен збор, а го прикажува и логото и Твитер профилот на страницата заедно со текстовите.
„Со сајтови генерирани од корисници како Medium, зборуваме со авторот на текстот за да добиеме негова дозвола и да договориме плаќање“, вели Гитон.
Also in today’s issue: the best bits from Cannes you might have missed by @The_Upcoming pic.twitter.com/8uGzjC4Rq6
— Swipe Magazine (@SwipeLDN) May 26, 2016
Swipe на почетокот ќе се објавува два пати месечно со тираж од 20000, ќе се дистрибуира на метро станиците во Лондон и во одредени канцеларии и кафулиња кои целат кон стартап публиката.
Магазинот нема содржина на својот веб сајт, но е присутен на социјалните медиуми.
Почетниот фидбек е позитивен, вели Гитон, а луѓето велат дека не виделе многу од содржината досега.