Со изработка на мурал на зградата на „Дом на градежници“ во Скопје, Град Скопје заедно со Холандската Амбасада ја одбележа 100-годишнината од раѓањето на еден од најистакнатите холандски уметници Карел Апел.
Како што велат од Град Скопје, муралот е инспириран од творештвото на Апел, кој покрај својот исклучителен придонес во холандската ликовна уметност, бил и скулптор и поет.
Муралот е создаден од графити уметникот Дани Рамбл со асистенција на Цветан Неделковски – Хром.