Министерството за здравство информираше дека последниве 24 часа регистрирани се 445 нови случаи на лица заразени со Ковид-19 од вкупно 2.441 тестирања. Ова е највисоката дневна бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на пандемијата.
Новозаболените според градови се регистрирани во: Скопје-249, Струмица-36, Прилеп-25, Тетово-16, Битола-14, Штип-13, Охрид-12, Куманово-12, Гостивар-12, Струга-7, Велес-7, Радовиш-7, Кочани-6, Кичево-6, Крива Паланка-5, Свети Николе-4, Виница-3, Кавадарци-3, Гевгелија-2, Берово-2, Делчево-2, Пробиштип-1 и Ресен-1.
Во болнички услови починати се 9 лица. Двајца пациенти од Скопје (72 и 62 години), еден од Куманово (66), двајца од Струга (58 и 65), еден од Струмица (80), еден од Крива Паланка (83), од Пробиштип (60) и пациент од Свети Николе (65).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 194 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројката на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.236.
Министерството за здравство соопшти и дека:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Направените 2.441 теста се преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-495, Биотек-278, МАНУ -292, Жан Митрев (Филип Втори) -375, Систина со PCR метода -218, лабораторија Лаор –99, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-7, ГАК-25, Синлаб-71, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.