Големиот број на сообраќајни несреќи, предизвикани од употреба на мобилен телефон при возење, ги натера производителите на автомобили да смислат начин како да ги заштитат возачите. Јужнокорејскиот произведувач „Hyundai“ објаснува дека со помош на нивниот нов систем се исклучуваат мобилните телефони во близина на управувачкото седиште, се ограничуваат или во целост се исклучуваат одредени функции кои го попречуваат возењето.
Во зависност од брзината со која се движи возилото, системот одредува која од функциите на смартфоните се сигурни за употреба, вклучувајќи ги и пишувањето пораки и повиците. Рестрикциите за мобилните телефони може да се однесуваат само во близина на возачкото седиште или и во целиот автомобил.
Клучниот дел во овој систем е поставување на мали антени во различни делови на возилото кои го детектираат сигналот на мобилните телефони. Откако ќе ги детектира, системот одредува кои функции на телефонот да ги исклучи.
Од „Hyundai“ нагласуваат дека овој систем е софистициран и може да ја одреди важноста на личноста која се јавува или праќа порака и да го одобри повикот и покрај забраната. Меѓутоа главниот проблем на овој систем е тоа што мобилните телефони мораат да имаат вградено специфична програма, за која би требало да поминат неколку години пред да се најде на пазарот.
Извор: Mojauto.rs