Астрономите за првпат во историјата успеаја да детектираат судир меѓу две неутронски ѕвезди, односно мртви сонца со помош на нов телескоп, јавува „Би-Би-Си“.
Според астрономите, неутронските ѕвезди се клучни за разбирање на вселената. Всушност тоа се големи, тешки ѕвезди од кои само делче големо колку мала лажичка за чај тежи четири билиони тони.
Неутронските ѕвезди се составени речиси само од неутрони, тие се распаѓаат под сопствената тежина и со тоа ги уништуваат атомите во нивната градба што некогаш правеле самите да светат. Мртвите сонца имаат голема гравитација што ги привлекува едни кон други, а потоа тие имаат судир при што се спојуваат една со друга.
Кога се случува спојувањето тие создаваат блесок светлина и во вселената се чувствува моќно бранување. Тоа прави сѐ во вселената да се заниша, вклучувајќи ги и атомите во нас, но тоа е занемарливо бидејќи е незабележливо.
Се смета дека на тој начин, неутронските ѕвезди создале тешки метали од кои се формирале ѕвездите и планетите.
Блесокот светлина што настанува по судирот на две вакви ѕвезди е видлив со телескоп само неколку ноќи и поради тоа е потребно брзо да се реагира за да се лоцираат.
„Брзината е од суштинско значење. Бараме нешто што живее многу кратко, нема многу време пред да избледи блесокот“, појаснил за „Би-Би-Си“ професорот Дени Ворвик од Универзитетот Ворвик во Ковентри, Англија.
Станува збор за нов телескоп што набљудува гравитациски бранови и истиот е познат како (ГОТО). Тој во моментов се наоѓа на вулканскиот остров Ла Палма во Шпанија со цел да добие јасен поглед на небото. На планинскиот врв има распослано и десетина други инструменти и секој од нив проучува различен феномен.
Главниот телескоп е составен од двојни куполи што кога се отвораат откриваат две црни батерии од осум цилиндрични телескопи. Секоја од батериите го покрива одредениот дел од небото под кој се наоѓа.
Бидејќи неутронските ѕвезди се испитуваат многу подетално од порано, еднаш кога астрономите ќе го лоцираат судирот контактираат со други научници што истражуваат со помоќни телескопи ширум светот за да се продолжи подеталното истражување на судирот и сами неутронски ѕвезди.
„Традицоналната астрономија е за тоа да се има среќа за да се открие нешто. Сега веќе не се надеваме за нови откритија, туку кажано ни е да ги најдеме и да започнеме да ги испитуваме, дел по дел за да дознаеме што сѐ живее и постои во вселената“, изјавила д-р Кендал Акли, една од научничките за создавање на инструментите на ГОТО телескопот.