Ваквиот закон следува откако државата дозволи жените да патуваат сами – без машка придружба, известува „Индепендент“.
Саудиска Арабија ќе дозволи жените да живеат сами без дозвола од машки старател, со што ќе се стави крај на законот кој беше критикуван од интернационалните организации за човекови права.
Според веста на „Гулф Њуз“ – сингл, разведените жени и вдовиците сега легално ќе можат да живеат сами и независни, без дозвола од машки старател.
Ваквиот прогрес следи откако монархијата воведе легален закон кој им дозволува на жените право на индивидуално становништво.
Судските власти го заменија законскиот статут кој предвидува машки старател да има надлежност врз животните околности на жената со нов текст според кој „возрасната жена има право да избере каде да живее. Старателот на жената може да ја пријави во полиција само ако има докази кои докажуваат дека таа сторила кривично дело“.
Ваквиот развој на правото во Саудиска Арабија следува откако во 2019 година се воведе закон кој им дозволува на жените да патуваат сами, без придржуба од машки старател. Законот бил воведен по бројните случаи каде жените се обидувале да бегаат од нивните старатели.