Министерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн најави план за продолжено затворање на границите до крајот на оваа година со цел да се заштитат граѓаните од коронавирусот, пренесува „Independent“.
Според одлуката, од почетокот на 2022 година, Нов Зеланд ќе биде отворен за вакцинирани туристи, – жители во нискоризичните земји од Ковид-19.
Државата исто така ќе ја забрза стратегијата за вакцинирање, но ќе го зголеми периодот помеѓу двете вакцини за да се осигури дека барем половина од населението е вакцинирано, истакнала министерката.
На прес конференција, Ардерн споделила дека ситуацијата во Нов Зеланд сè уште не е средена за државата да биде отворена за странците, но додала дека отворањето на границит ќе започне на почетокот на 2022 година и ќе биде етапно.
„Сè уште не сме во позиција комплетно да ги отвориме границите“, истакнала министерката.
Нов Зеланд се соочува со притисок за отворање на границите за да се постигне поголем економски развој и да им се помогне на приватните бизниси и локалната трговска размена.
Островската држава успешно ја контролираше пандемијата преку остри гранични мерки. Засега, во Нов Зеланд се регистрирани 2,500 случаи и 26 смртни случаи од Ковид-19, а државата брои пет милиони жители. Со стратегијата на строга изолација, државата продолжува да биде скоро изолирана од сиот свет во последните 18 месеци.
Со заразата од делта сојот која коси ширум светот, Ардерн ја забрани и туристичката посета на жители од Австралија.