Нов Зеланд започна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги оние со скршени срца да се помират со тоа и да ги блокираат своите поранешни на социјалните мрежи.
Владината кампања „Сакај подобро“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажан и подкаст на платформи како што е Инстаграм.
„Раскинувањето боли… но мора да ја свртите страницата засекогаш. Преземете одговорност за вашите чувства“, вели смирувачки глас во видеото од кампањата.
Еден неименуван млад човек рече дека ја блокирал поранешната девојка на социјалните мрежи бидејќи рекол дека не може да спие ноќе и дека сè станува чудно и надвор од контрола.
Властите на Нов Зеланд најавија дека ќе одвојат 6.4 милиони новозеландски долари (3.7 милиони евра) за тригодишната кампања.
„Знаеме дека раскинувањето на љубовните врски е болно. Сакаме да ги поддржиме нашите млади луѓе и да им дадеме до знаење дека има излез“, изјави неименуван претставник на властите.
Кампањата им овозможува на младите да ги споделат своите приказни и на тој начин да им помогнат на своите врсници кои можеби поминуваат низ слични искуства.