Битолската иницијатива „Поинаку“ објави дека синоќа повторно, како што велат, го нарушиле „амбиентот“ во градот и направиле „хаос“, бидејќи на седница на Советот власта го одбила нивниот предлог за отстранување на плакатите и средување на постојките низ Битола.
Оттука, тие решија самите да средат постојка облепена со разни плакати.
„Поздрав и до организаторите на културни манифестации од општина Битола – ги уништивте со лепилото постојките. П.С. Бидејќи ви сметаа кесите и ги откорнавте, сега откорнете ја исчистената постојка и распишете тендер за нова“, соопштија „Поинаку“ преку социјалните мрежи, објавувајќи и фотографии од акцијата.
Иницијативата „Поинаку“, која ги има Иван Чулаковски и Габрела Илиевска како советници во Советот на Битола, претходно направи акција по улиците и стави натписи „Овде имаше кеса за отпад, Падне ја изваде!“. Тие реагираа дека околу 50 монтажни обрачи и кеси што сами ги поставија и беа користени од битолчани за одложување отпад, се извадени од ЈП „Комуналец“ и директорот Панде Богоевски со аргумент дека се работи за „хаотично поставување на урбана опрема“.
Акција на „Поинаку“ низ битолските улици: „Овде имаше кеса за отпад, Панде ја изваде“