Додека повеќето социјалните медиуми се фокусираат на помагање за доближување до повеќе пријатели, новата апликација Cloak ги користи податоците за локација за да им помогне на корисниците полесно да ги избегнат конекциите.
Апликацијата ги повлекува информациите за локација од социјалните мрежи со што се гледа каде се наоѓаат пријателите, за да може да се избегне случаен контакт со луѓето со кои корисникот не сака да се види.
Засега, апликацијата повлекува податоци само од Foursquare и Instagram, така што корисна е само ако се следат луѓе на овие две мрежи. Програмерите велат дека се работи на поврзување на апликацијата со повеќе услуги во иднина, иако Твитер најверојатно нема да биде меѓу нив.
Апликацијата е проект на програмер Брајан Мур и поранешниот креативен директор на Buzzfeed, Крис Бејкер.
Бејкер во изјава за Вашингтон Пост вели дека анти-социјалните мрежи ќе бидат во пораст во периодот што доаѓа.
„Мислам дека ние го видовме врвот на големите социјални мрежи, а сега анти-социјалните работи ќе бидат во пораст. Ќе гледате се повеќе и повеќе од овие видови на проекти”, смета тој.
Извор: mashable.com