Нова апликација за текстуални пораки при лет во авион

Праќањето пораки и користење паметни телефони во авионите станува реалност. Многу патници веќе се радуваат на новите, помалку рестриктивни правила кои им овозможуваат на патниците да ги користат нивните електронски уреди во текот на летот, без притоа да го навлечат врз себе гневот на стјуардесите.

Нова апликација за текстуални пораки при лет во авион

Gogo – компанијата кој обезбедува интернет конекции за време на летовите на многу големи авиокомпании, им даде на патниците уште една причина за радост: веќе е готова новата апликација која ќе им дозволи на патниците да разменуваат текстуални пораки додека летаат со авион.

Еве како тоа функционира сервисот: iPhone и Android корисниците (не и BlackBerry) ќе може да ја инсталираат апликацијата која кога ќе се отвори , изгледа како типична тестуална апликација.Таа бара дозвола за пристап до листата на контакти од телефонот, а потоа им овозможува на корисниците едноставна размена на пораки со пријателите и семејството. Примателите на порака притоа нема да знаат дека оној кој ја праќа пораката патува со авион.

Повеќе од 2.000 комерцијални авиони се веќе опремени со Gogo интернет системот кој функционира во авионите.

Од компанијата се надеваат дека ќе ја промовираат својата услуга во авионите на почетокот на 2014 година. Засега се работи на утврдување на бизнис моделот – дали да се наплаќа за симнување на апликацијата или да им се понуди на патниците да купуваат безжичен интернет по пониски цени отколку при целосен пристап до мрежата.

Извор