Во издание на „Направи заедно“ и Stonehenge Records (Франција), вчера (1 април) излезе заедничкиот мини-албум на „Bernays Propaganda“ и норвешката група „Modern Love“, насловен како „Until All Are Free“. Македонскиот бенд на ова издание се претставува со две песни: „Јас“ и „Денот кога се родив“, кои заедно со уште две песни на бендот од Норвешка се достапни бесплатно на веб-страницата Bandcamp. Bernays Propaganda на средината на март ја започнаа големата, деветнеделна европска турнеја, во чии рамки групата ќе одржи педесетина концерти во 22 европски земји.