„Ла Кања“ во соработка со „Млади за Скопје“ наредниот викед (недела, 19 февруари) ја организираат првата свирка од новиот бран настани за 2023 година.
Првата епизода од третата сезона на „Млади за Скопје“ е резервирана за бендот „Сосед“, експериментален шугејз со многу гитарски ефекти.
„Дарко Медарски (Sfer, Man in a Suit, DaDa) и Марко Трендафиловски (The Planktons, KEM) го продлабочија нивното Макотекс соседство со создавање на оригинален авторски звук кој премиерно ќе имате шанса да го чуете во Ла Кања. Психоделија за сечие задоволство Скопје отсекогаш имало извонредни артисти. Дојдете, уверете се сами. Што друго би правеле во недела после ручекот кај баба ви?“, стои во најавата за настанот.
Почетокот ќе биде во 19 часот, а влезот е 150 денари.