Со прикажување на филмот „М“, во утре (19 октомври) во 20 часот во Кинотека на Македонија се отвора новата сезона на францускиот кино-клуб, во чии рамки еднаш месечно се прикажуваат современи француски филмови, известуваат од Францускиот институт во Скопје.
Се работи за прв долгометражен филм на младата актерка и режисерка Сара Форестие, кој беше одлично прифатен од критиката.
Форестие раскажува љубовна приказна за двајца млади, од различни социјални средини, во која и двајцата треба да се соочат со неписменоста на момчето.
Во главните улоги настапуваат Сара Форестие и Редуан Аржан, а филмот е со превод на македонки јазик.