Здодеано ви е да добивате непосакувани фотографии со сексуална конотација? Најверојатно ова е причината поради која програмерката Келси Бреслер ја создала новата алатка на „Твитер“, „Безбедно Сандаче“ (Safe DM) која ги спречува и брише фотографиите со сексуална конотација.
Алатката ја креирала програмерката (а сега веќе и легенда) Келси Бреслер, која се инспирирала по добивањето на непосакувана слика од полов орган во нејзиното сандаче. Бреслер го „истренирала“ својот алгоритам на слики кои ги собрала од жените кои одговориле на нејзиниот јавен повик.
„Тестирам филтер кој сè уште е во изработка, а чија цел е автоматски да детектира непосакувани фотографии во сандачињата и да ги брише во името на примателот“, напишала Бреслер на својот профил. Според „Би-би-си“, на јавниот повик одговориле околу 4,000 жени.
Засега, оваа алатка функционира само за сандачињата на „Твитер“, но Бреслер сака да ја адаптира и за другите социјални платформи. Таа исто така додала дека „Безбедносното сандаче“ ги детектира само голишавите слики, но не ја чита тексуалната содржина на пораката, со што се гарантира приватноста на корисничките.
Според анкетата на „ЈуГов“ од 2018 година, 46% од милениумките барем еднаш добиле непосакувана фотографија на социјалните мрежи.
Give your friends the gift of dick-free DMs this Valentine’s Day.
RT to let them know they can sign up for Safe DM!!https://t.co/4RM1TaUh9Z@showYoDiq #dontBeAdick pic.twitter.com/ei5gT2nCsL
— K E L S E Y (@raeBress) February 14, 2020
Извор: Dazed&Confused