Петтото продолжение на популарната видеоигра „Grand Theft Auto“ ќе биде претставено на 17 септември, а оваа игра ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапа во историјата. За нејзиното развивање, според информациите од компанијата Rockstar, се потрошени над 200 милиони евра!
Повеќе од три милиони копии на новата GTA се веќе нарачани, а се очекува претставувањето да биде најголемиот забавен настан во Америка, поголем од кој музички албум или филмска премиера.
На играта работеле над 300 дизајнери, програмери и уметници, развивањетотраело цели пет години, а таа имала буџет поголем од кој било блокбастер. Впрочем, само филмот „Пирати од Карибите: Крајот на светот“ досега чинел повеќе од „GTA“ (226 милиони евра). Во цифрата од 200 милиони влегуваат и трошоците за маркетинг, а се очекува таа да му донесе на Rockstar повеќе од една милијарда евра уште во првата година.
Извор: Huffington Post