Еден од новите, водечки бендови на македонската алтернативна сцена „Луфтанза“ ќе го отворат годинешното издание на „Здраво Млади“, кое ќе се одржува на 26 и 27 август во паркот на МКЦ.
Бендот е основан во 2020 година и ова ќе биде нивен прв настан во МКЦ. Во негов состав се Иво Николовски, Андреј Димовски, Лука Јованоски, Виктор Стојановски, Раде Биковски и Мартин Џорлев. Најчесто свират пост панк и психоделичен рок.
На 5 април годинава го објавија нивниот прв албум насловен „Демо Тејп I“, а на 17 јули го објавија и вториот албум „Демо Тејп II“.
Билетите за 11. издание на „Здраво Млади“ се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk