Во последното деноноќие се регистрирани 1.166 нови случаи на Ковид 19 од 6.458 тестови, а пријавени се 29 починати лица.
Од нив, има шестмина починати лица од Тетово (37г,42г,57г,64г,73г, и 81г), 5 починати лица од Струга (64г,67г,70г,76г и 77г), 4 лица од Скопје (47г,55г,69г и 79г), по 3 лица од Гостивар (54г,71г и 81г), Куманово (52г,63г и 80г) и Струмица (66г,74г и 82г), по едно починато лице од Кичево (80г), Битола (57г), Велес (54г), Македонска Каменица (58г) и Пехчево (67г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Од новите позитивни случаи 375 се во Скопје, Тетово – 159, Гостивар – 105, Струмица – 76, Струга – 75, Охрид – 53, Куманово – 44, Кичево – 43, Штип – 24, Кавадарци – 23, Велес – 22, Кочани – 18, Битола и Свети Николе – по 17, Радовиш – 16, Прилеп – 14, Дебар – 12, Ресен и Пробиштип – по 11, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 8, Неготино – 6, Крушево и Македонски Брод – по 5, Делчево и Валандово – по 4, Берово и Виница – по 3, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 232 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 171.576, бројката на оздравени пациенти е 153.148, на починати е 5.755, а бројот на активни случаи изнесува 12.673. Најмногу активни случаи има во Скопје 4451, Тетово 2030 и Гостивар 1548.